Сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп, сообраќајот е во прекин

Макфакс

24/01/2019

12:10

977

Големина на фонт

а а а

Од 11 часот патниот правец Градско-Прилеп е во прекин за сообраќај поради извлекување возило од сообраќајна незгода, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ во дополнителниот извештај се додава и дека истовремено укината е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.




Спонзорирани линкови

Маркетинг