Петра Квитова е прва избори финале на женскиот дел од годинешното издание на Австралија опен. Квитова до финалето стигна преку најголемото изненадување на турнирот Данијел Колинс 7/6, 6/0.
Првото полу-финале во Мелбурн имаше две полувремиња. Првиот сет се играше на отворено, а поради високата температура на воздухот, организаторот реши да го затвори покривот во вториот сет.
Временските услови во кои играа Квитова и Колинс најдобро го отсликува резултатот. Квитова на квалитет го доби првиот сет во тај-брејк, а во вториот максимално ги искористи условите што одговараат на нејзината игра.
Квитова, која има две титули во Вимблдон се пласира во своето трето гренд-слем финале. Нејзина противничка в сабота ќе биде Наоми Осака или Каролина Плишкова.
That winning feeling 🙌@Petra_Kvitova #AusOpen pic.twitter.com/LVojbLlfKs
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2019
Наоми Осака ќе игра против Петра Квитова во финалето на Австралија опен, откако во второто полу-финале ја победи Каролина Плишкова со 6/2, 4/6, 6/4.
Јапонката продолжи со брилијантните изданија и успеа да стигне до своето второ гренд-слем финале, откако лани ја освои титулата на Ју-Ес опен.
Мечот на арената „Род Лејвер“ се одигра со затворен покрив бидејќи температурата на воздухот во Мелбурн изнесуваше 42 степени Целзиусови.
Осака го доби првиот сет откако при резултат 2:2 во гемови, успеа да добије четири гема во низа. Таа прва направи брејк и во вториот сет, меѓутоа и дозволи ри-брејк на Плишкова, а потоа тенисерката од Чешка уште еднаш и го одзеде сервисот на противничката и успеа да израмни на 1:1 во сетови.
Решавашкиот момент во мечот се случи во вториот и третиот гем. Осака најпрвин успеа да спаси три топки за брејк, а веќе во наредниот гем и го одзеде сервисот на Плишкова.
Финалето ќе се одигра в сабота, во 9.30 часот по македонско време. Осака и Квитова нема да се борат само за трофејот во Мелбурн, туку и за првото место на ВТА листата.
#AusOpen title isn't the only thing on the line.
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2019
Whoever wins the final will be the new world No.1 pic.twitter.com/5bKrBPIRxG