Полјак со голи раце повредил тројца полицајци, кои не успеале да го соборат ниту со пендреци и солзавец

Точка

24/01/2019

10:21

6.908

Големина на фонт

а а а

Колку и да се труделе тројцата полицајци да го смират и соборат младиот Полјак (30), тој само им задаваше удари и ги нарекувал к**ва.

Бизарна и многу насилна пресметка се случи насред улица во Валвијк, мал холандски град во неделата на пладне.  

Колку и да му се заканувале полицајците со пендреците, го прскале со солзавец па дури и испукале неколку куршуми за предупредување, ништо од тоа не вредело. Момчето не само што ги повреди нив, туку и им ги оштети автомобилите паркирани на улица.


На едниот автомобил скокнал, додека другиот се обидел да го украде, иако сопственикот бил внатре. Зошто бил толку бесен полицијата сè уште не утврди, но не се исклучува можноста дека бил под дејство на дрога.

Целата ситуација беше снимена од случаен минувач, а на снимката се слуша како бесниот маж вели дека ова ќе биде вирално.



Спонзорирани линкови

Маркетинг