Севиља му го расипа дебито на Боатенг за Барса

Макфакс

24/01/2019

10:20

2.022

Големина на фонт

а а а

Кевин-Принс Боатенг, најизненадувачкото засилување во зимскиот преоден рок, го имаше своето деби во дресот на Блауграна во првиот меч од 1/16 финалето на Кралскиот куп, во кое Севиља со два гола во второто полувреме направи 2:0 предност.

Пабло Сарабија го отвори резултатот во 58. минута, по еден убав напад и уште поубаво нафрлување на Промес по кое Силесен беше немоќен, за веднаш потоа Ернесто Валверде во 63. минута да го внесе Боатенг во игра на местото на Луис Суарез.

Наместо освежување во нападот и повеќе шанси, Барса прими уште еден гол, откако Висам Бен Једер постигна лесен гол по брзата акција на домаќините.



Спонзорирани линкови

Маркетинг