Во еден од реоните на Каракас почнале жестоки судири на полицијата и демонстрантите, а се слушаат и експлозии, јавува телевизија TVV.
Еден дел од медиумите пренесуваат дека се слушаат експлозии на гранати и бомби со солзавец.
Како што се наведува, се судриле припадниците на полицијата и демонстрантите во реонот Петаре.
Вчера во Венецуела биле одржани антивладини протести, како и собири на приврзаниците на претседателот Николас Мадуро. Во државите Португеса, Баринас, Тачира, Каракас, Амасонас, Боливар во судирите загинале 16 лица.
Претседателот на парламентот на Венецуела, Хуан Гвиадо, се прогласил за претседател на државата за време на траењето на мандатот на привремената влада.
Manifestantes arman barricadas en la Av. Panteón. Video cortesía #TVVenezuela #TVVNoticias pic.twitter.com/ziOnvwxTCf
— TVV Noticias (@TVVnoticias) January 24, 2019
САД соопштиле дека го признаваат Гваидо и бараат од претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој не го сметаат за легитимен шеф на државата, да не дозволи насилни акции против опозицијата.