Тој е полковник на руските специјалци и најобучен војник на планетата: Погледнете што сè прави човекот кој го тренирал телохранителот на Сталин лично!

Точка

24/01/2019

20:58

15.039

Големина на фонт

а а а

Рускиот систем, односно система, како што ја нарекуваат русите, иако стара вештина, е добро решение за предизвиците кои ги наметнува модерниот начин на живот.

Со своите специфичности носи низа предности во однос на повеќето боречки вештини, бидејќи, меѓу другото, нуди специјални вежби на сила комбинирани со движење и дишење во различна брзина.

Самите вежби се дизајнирани да ја коригираат положбата на телото и да развијат голема издржливост, а освен тоа служат да се откријат и отстранат негативни емоции. 

Во руската система нема удари, шутеви или фрлање кои трајно ги уништуваат зглобовите на тој кој ги изведува. Суштинската разлика во однос на останатите слични активности е методолошка - системата доаѓа од мирот, а не агресијата и желбата да се уништи противникот. Се вежба како да се апсорбираат удари, да се пренасочат или избегнат, а не да се блокираат на крут начин.

Таа борбена техника тежнее да го научни човекот на низа основни идеи и принципи кои ќе му овозможат да импровизира и да најде спонтани решенија во борба.

Системата има и други уникатни пракси, како масажа, техника на релаксација, дозирани притисоци на внатрешните органи, кои учениците, под надзор на инструктор, учат како да ги применат.

Иако во најголема мера тренираат мажи, таа боречка вештина може да ја тренираат и деца, според модифицирана програма, но и припадниците на понежниот пол.

Кој е полковник Михаил Рјабко ?

Тој е полковник на единицата за специјални операции на руската војска, директор и главен инструктор на Систамата во штабот во Москва.

Тоа што е интересно е дека прв учител му бил еден од личните телохранители на некогашниот лидер на СССР, Јосиф Сталин.

Работел во Министерството за внатрешни работи на Русија, тренирајќи го личното обезбедување на министерот. Бил командант на тактичката единица за спасување на заложници, противтерористички операции и неутрализација на вооружени терористи.

Рјабко е ветеран кој бил во бројни воени акции и е горд носител на бројни одликувања и награди кои ги добил од Руската православна црква.

И денес продолжува со тренирање на нови ученици како еден од главните мајстори на Системата во светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг