Добри вести за Милан: Се враќа „замената на Бонучи“

Точка

24/01/2019

11:06

2.231

Големина на фонт

а а а

Едно од најголемите засилувања на Милан во текот на минатото лето, Матија Калдара конечно се опорави од повредата.

Од лекарскиот тим на Милан соопштија дека Калдара се опоравил и дека наскоро ќе започне да тренира. Нивните прогнози се дека поранешниот играч на Аталанта ќе може да заигра за „Росоњерите“ кон средината на февруари.

Калдара кратко беше играч и на Јувентус, откако торинскиот клуб го откупи од Аталанта во 2017-та година за 20 милиони евра, по што стоперот остана во Аталанта како позајмен играч.

Сепак, Калдара не успеа да заигра за Јувентус затоа што веднаш по завршувањето на неговата позајмица, тој беше вклучен во трансферот на Бонучи и им беше продаден на Милан за 37 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг