Тензично во Венецуела: Трамп го призна опозиционерот за претседател на државата и предизвика нов хаос!

Точка

24/01/2019

09:37

2.097

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го призна позицискиот лидер Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела и предизвика нов хаос во оваа јужноамериканска држава.

Трамп со признавањето на Гаидо уште повеќе го зголеми притисокот врз актуелниот претседател на државата, Николас Мадуро кој што се соочува со големи демонстрации и обид за државен удар и негово насилно симнување од власт.

Претседателот на САД, во соопштение порача дека ќе ја искористи „целата тежина на економската и дипломатската моќ на САД за да се заложи за повторно воспоставување на демократијата во Венецуела“.

Трамп истовремено ги поттикна и другите влади на земјите од „западната хемисфера“ да го признаат Гуаидо за привремен претседател на Венецуела.


Поддржувачите на опозицијата во Венецуела вчера започнаа марш на улиците на главниот град на државата Каракас, барајќи актуелниот претседател Николас Мадуро да се повлече од претседателската функција. Набрзо ситуацијата на протестите ескалираше и во судирите помеѓу демонстрантите и полицијата загинаа неколку лица.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс синоќа објави специјална видео порака во која што отворено повика на државен удар во Венецуела. Пенс го повика народот на Венецуела да ја превземе судбината во свои раце и да се обедини против Николас Мадуро.

„Мадуро е диктатор кој што нема легитимно право да владее. Тој никогаш го нема освоено претседателското место преку слободни и фер избори. Дојде време народот на Венецуела да ја превземе судбината во свои раце и да оствари слобода“, порача Мајк Пенс и додаде дека САД ќе биде со нив во секој момент.



„САД ја поддржува храбрата одлука на Хуан Гуаидо, претседателот на Народното собрание, да ја потврди уставната моќ на тоа тело, да го прогласи Мадуро за узурпатор и да повика на воспоставување на транзициска влада“, порача американскиот потпретседател.

Хуан Гуаидо, новоизбраниот претседател на Собранието на Венецуела кој што повика и на марш во Вашингтон, ги повика и безбедносните сили да се приклучат на протестите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг