Пелоси: На Трамп нема да му биде дозволен говор во Конгресот

Макфакс

23/01/2019

22:00

2.316

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, денеска го информира американскиот претседател, Доналд Трамп, дека нема да му биде дозволено да одржи говор за состојбата на државата пред Конгресот додека не прекине делумната блокада на работата на владата.

Пелоси во писмото до Трамп го информира дека Претставничкиот дом нема да ја разгледа резолуцијата со која би му било дозволeно на претседателот да го одржи својот говор додека владата не биде деблокирана, објави агенцијата „Ројтерс“.

Претходно, денеска, претседателот на САД, во писмо до Ненси Пелоси, порача дека со нетрпение очекува да зборува за состојбата на нацијата пред Конгресот на 29 јануари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг