Трансформациите поради филмските улоги не се ништо ново и многу глумци поради тие улоги целосно ги менувале своите тела, без разлика дали нагло слабееле или додавале 10 килограми повеќе. Помеѓу нив само еден е шампион, глумецот Кристијан Бејл.
Меѓутоа, за Сандеј Тајмс тој изјави дека со таквиот начин на живот е готово.
Поради улогата на потпретседател на САД во новиот филм "Vice", која неодамна му донесе Златен глобус, оскаровецот додаде неверојатни 20 килограми. Сепак, вели дека на овие филмски трансформации им дошло крај.
Тој неодамна им откри на медиумите дека тие денови се зад него, бидејќи смртта почнала да го гледа во лице.
"Не можам да продолжам вака. Едноставно не можам", рекол тој.
Глумецот изјавил и дека бил шокиран кога дознал дека неговиот колега Гери Олдман не се здебелил ниту килограм за улогата на Винстон Черчил во филмот "Најмрачен час".
Бејл (44) открил дека уште едната причина поради која ќе престане со овие екстремни трансформации е неговата сопруга Сандра Блажич, која со години се справуваше со неговите екстремни промени на изгледот поради работата.
"Како и да е, мојата сопруга го гледа тоа тело", рекол Бејли.
На прашањето дали би се согласил да го глуми британскиот политичар Борис Џонсон, Бејл рекол дека тоа неговата сопруга не би го дозволила.
"Не, тој нема да ми влезе дома", искоментирала неговата сопруга, пренесува глумецот.
Сепак, во семејството има некој на кој неговиот стомак и вишокот килограми му се допаднаа, а тоа е 4 годишниот син Џозеф.
"Мојот син го сака мојот стомак. Скокаше по него и отскокнуваше од него на подот", се пошегува глумецот.