Се надеваме дека нема да си даде отказ за брзо: Дамите полудеа по новиот член во тимот на Меган Маркл

Точка

23/01/2019

19:52

5.417

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека сè уште постојат луѓе кои сакаат да работат за Меган Маркл без разлика на гласините кои кружат. Иако бројни соработници на Меган во последните неколку месеци си дадоа отказ од работа, сепак ова момче со задоволство би работело за неа.

Веќе со месеци насловните страни на магазините се полни со тоа дека телохранителот на Меган си дал отказ, како и нејзината асистентка после само 6 месеци и тоа дека Меган има огромен проблем со пронаоѓање на нов персонал. 


Наводно проблемот е во тоа што војвотката има неподносливо однесување кое ги излудувало нејзините вработени, а се споменуваше и нејзината суровост, воздигнувањето над другите, но и фактот дека бројните обврски им ги испраќала по меил во доцните часови.


Иако ова е веројатно вистина, изгледа дека сè уште постојат луѓе кои сакаат да работат за Меган, каква и да е, па така нејзиниот тим доби нов ПР менаџер.

Неговото име е Кристијан Џоунс, а станува збор за младо момче кое следните месеци ќе го гледаме како сенка на Меган, секако доколку и тој не си даде отказ. Но, Кристијан исто така ќе соработува и со Хари, Вилијам и Кејт. Неговата улога ќе биде активна интеракција со британските, но и светските медиуми и ќе ги советува кралските членови како подобро да комуницираат со нив.


Исто така, атрактивниот Британец ќе ја известува и јавноста за активностите на кралското семејство како и за нивната хуманитарна работа.

Со оглед на разните приказни кои кружат за Меган откако пристигна во палатата, и кои не ѝ одат во прилог, веројатно Кристијан ќе треба и тоа како да се измачи за својата плата.


Понежниот пол секако навива за Кристијан со оглед на тоа дека забележале колку е згоден, а неговото минато работно место била британската влада во која помина 7 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг