Меган Маркл имала таен Инстаграм профил, но го избришала за да го сочува психичкото здравје

Точка

23/01/2019

18:40

3.450

Големина на фонт

а а а

Животот на војвотката од Сасекс, Меган Маркл се променил за 180 степени во последните две години. Покрај тоа што се омажи за прицот Хари и ќе роди член на кралското семејство, Меган морала сосема да го промени својот социјален живот.

Притоа мислиме и на виртуелниот друштвен живот. Имено, кога нејзината врска со принцот Хари стана сериозна, Меган беше присилена да го избрише својот Инстаграм профил на кој беше прилично активна. Сепак, војвотката не можела да одолее и направила таен Инстаграм профил на кој ги следела само најблиските пријатели. 


Но, нешто пред Божиќ одлучила да го избрише. Извор близок до парот изјави за Marie Claire дека Меган тоа го направила поради своето психичко здравје, бидејќи сè почесто налетувала на грди и лажни вести за себе, кои прилично ја погодувале.


"Читаше некои навистина злобни работи за себе кои ги пишуваа Интернет троловите. Исто така гледаше бројни наслови на статии кои ја погодувале, па пред Божиќ конечно одлучила да го избрише профилот за да го сочува психичкото здравје. Се чувствуваше многу осамено и изолирано", рекол изворот.


Инаку, пред неколку години и принцот Хари имал таен профил на Фејсбук под името Спајк Велс, кој успешно го сочува како анонимен низ годините и го избриша дури кога во јавноста се дозна за него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг