Грчките интелектуалци го поддржаа преспанскиот договор

Макфакс

23/01/2019

18:22

1.386

Големина на фонт

а а а

Речиси 250 грчки интелектуалци и уметници денеска потпишаа поддршка за преспанскиот договор.

„Со преспанскиот договор се затвора голема рана која стоеше отворена речиси три децении. Тоа е фер договор и компромис кој ја штити иднината на граѓаните на двете земји преку мир, солидарност и соработка“, се наведува во иницијативата за поддршка, a пренесува агенцијата АНА-МПА.

Сложеното име со географска одредница, Северна Македонија, целосно ја покрива грчката позиција и воедно ја покажува волјата на нашиот сосед за мирен соживот на граѓаните од двете земји.

„Преспанскиот договор во овој момент е една од ретките светли точки во Европа. Затоа, го поддржуваме, без оглед на нашите политички ставови“, се наведува во иницијативата.

„Ние го обединуваме нашиот глас со нашите соседи против националистите што сакаат да нè изолираат сo реторика на омраза. Го обединуваме нашиот глас со милиони луѓе во светот, кои се подготвени да ги бранат слободата, пријателството, демократијата и човечките вредности“, стои во текстот на иницијативата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг