Големиот бисер го одбра новиот клуб: Френки Де Јонг ќе стане најскапиот холандски фудбалер во историјата!

Дерби

23/01/2019

20:31

2.531

Големина на фонт

а а а

Младата ѕвезда на Ајакс, Френки Де Јонг по се изгледа донесе одлука и го одбра клубот во кој ќе ја продолжи кариерата.

Холанскиот репрезентативец беше мета на најдобрите и најмоќните клубови во Европа, во игра беа Манчестер Сити, ПСЖ, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Барселона… за да на крајот се одлучи токму за последниве, актуелниот шпански шампион.

Каталонците долго време го посакуваат, бараа начин да го доведат на „Камп Ноу“, меѓутоа Ајакс не сакаше да се откаже од него бидејќи желбата беше токму во оваа сезона холанскиот клуб да направи забележителен резултат во Европа, а и да се врати на врвот во домашниот фудбал.

На тимот од Амстердам засега добро му оди и ги остварува целите, ама повеќе од јасно беше дека Де Јонг ќе си замине по крајот на сезоната. Неговиот избор е Барселона која според непотврдени информации ќе плати дури 90 милиони евра за неговиот услуги со што ќе го направи најскапиот Холанѓанец во историјата.

Сепак здеката допрва треба да се затвори и официјализира, меѓутоа ако вестите на голем број на медиуми се потврдат тогаш Френки ќе влезе во историјата на холандскиот фудбал и Ајакс.

Најскапите холандски играчи на сите времиња:

-Френки Де Јонг од Ајакс во Барселона за 90 милиони евра

-Вирџил Ван Дајк од Саутемптон во Ливерпул за 85 милиони евра

-Марк Овермарс од Арсенал во Барселона за 40 милиони евра

-Арјен Робен од Челси во Реал Мадрид за 36 милиони евра

-Мемфис Депај од ПСВ во Манчестер Јунајтед за 34 милиои евра

Најголемите трансфер зделки на Ајакс:

-Френки Де Јонг во Барселона за 90 милиони евра

-Давинсон Санчез во Тотенхем за 40 милиони евра

-Аркадиуш Милик во Наполи за 32 милиони евра

-Клас Јан Хунтелар во Реал Мадрид, Дејви Класен во Евертон, Весли Снајдер во Реал Мадрид-27 милиони евра.

-Луис Суарез во Ливерпул за 26,5 милиони евра



Спонзорирани линкови

Маркетинг