Солари за ВАР технологијата: Колку помалку зборуваме за тоа, толку подобро

Дерби

23/01/2019

19:11

1.779

Големина на фонт

а а а

Европскиот шампион, Реал Мадрид во неколку наврати го искажа своето незадоволство од употребата на одредени аспекти на ВАР во оваа сезона, но тренерот Сантијаго Солари и понатаму стои зад користењето на технологијата.

Тој пред првиот четвртфинален дуел со Џирона во Копа Дел Реј посочи дека нема ништо против ВАР технологијата, меѓутоа неговата желба е подобро истата да се употребува.

-Тоа е нешто што го примивме со ентузијазам. Сакаме тоа да биде искористено и тоа добро да биде искористено. Колку помалку зборувма за тоа толку подобро. Она што најмногу збунува е дискрецијата , но тоа е прва година и тоа ќе биде усовршено, -рече Солари кој воедно порача дека неговиот тим е спремен, мотивиран за позитивен резултат на утрешниот меч.

-Гледам мотивиран и вклучен тим. Не гледам никаква разлика меѓу натпреварувањата, иако е точно дека кога музиката на Лигата на шампионите ќе започне, сите тука дополнително се мотивирани, -искатна предодникот на „кралевите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг