Погледнете како овој спектакуларен Nissan си поигрува со снегот...

Точка

23/01/2019

17:34

3.405

Големина на фонт

а а а

Кај нас во зимските месеци често има големи врнежи на снег, па доколку вашиот автомобил не може да се движи низ улиците кои што и ретко се чистат од снегот, можеби ова е вистинското решение за вас.

Деновиве во Канада беше претставен новиот Nissan Altima-te. Станува збор за автомобил кој што покрај тоа што има погон на четири тркала, од останатите автомобили се разликува по тоа што наместо класичните тркала – има гасеници.

Секако, ова не е прв пат јапонскиот производител да си „игра“ со вакви верзии на своите автомобили, но сепак мора да признаеме дека Altima-te изгледа атрактивно и забавно.


Гасениците се долги 1,220 милиметри и широки 380 милиметри. За доработката на овој модел на Nissan биле потрошени 250 часа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг