Европската вселенска агенција со амбициозен план: За три години ќе ископува руда на Месечината!

Точка

23/01/2019

16:50

2.062

Големина на фонт

а а а

Реголитот ја прекрива целата површина на Месечината до длабочина од 3,5 метри и би можел да биде преработен за од него да се добие кислород, вода и гориво потребно за понатамошни истражувања и колонизација на сателитот на Земјата.

Европската вселенска агенција “ESA” планира да започне со рударење на Месечината до 2025-та година. Од “ESA” веќе потпишаа договор со производителот на ракетата “Ariane” кои што би требало да ја проучат и подготват мисијата за вадење на реголит, камен на Месечината.

Вселенските агенции веруваат дека рударењето на Месечината е клучно за воспоставување на постојани вселенски бази или колонии на единствениот природен сателит на нашата планета.


„Употребата на вселенски ресурси може да биде клуч на лунарното истражување и оваа студија е дел од сеопфатниот план на “ESA”, Европа да ја направи партнер во тоа истражување“, изјави еден од директорите на вселенската агенција, Давид Паркер.

“ArianeGroup”, европски конзорциум за вселенски истражувања и развој на ракети, соопшти дека во мисијата нема да биде вклучено испраќање на луѓе на Месечината, туку ќе биде испратена само роботска опрема.


„Оваа година одбележуваме 50-годишнина од првите човечки чекори на Месечината и “ArianeGroup” поради тоа ќе ги поддржува сите постоечки и идни европски проекти со цел Европа да има независен и суверен пристап на Месечината“, изјави првиот човек на компанијата, Андре-Хуберт Русел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг