Пејачот со моќна порака во Давос: "Капитализмот не е неморален, туку дива ѕверка"

Точка

23/01/2019

16:42

2.806

Големина на фонт

а а а

Фронтменот на ирската група "U2", Боно е истакнат активист за развојни прашања, и денес во Давос рекол дека капитализмот не е неморален, туку дека е "аморален".

Во обраќањето на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос, Боно рекол дека капитализмот извлече повеќе луѓе од сиромаштија отколку било кој друг изум, но додаде дека капитализмот е "дива ѕверка" која ако не се припитоми може да проголта многу луѓе". 


Оние кои не профитирале од капитализмот "ја туркаат политиката во нашите земји кон популизам", рекол Боно на седницата во рамките на оваа годишна средба на која присуствуваше генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.


Тој исто така рекол дека го променил мислењето кон MMF, институцијата која ја нарече "голема Сатана" поради нејзиниот уценувачки став кон помалите економии.

Боно е член на ДАТА која се занимава со отпишување на долгови, но и со сидата во Африка, а често се изјаснува и за меѓународни прашања.




Спонзорирани линкови

Маркетинг