Заубер откри датум за промоција

КРУГ.МК

23/01/2019

15:22

853

Големина на фонт

а а а

Формула 1 тимот на Заубер откри дека официјално ќе го претстави својто болид на првиот ден од предсезонскиот тест во шпанска Барселона.

Лани швајцарците го открија својот болид преку Интернет, една недела пред да почне првиот тест. Но, сезонава првиот тест е 8 деноти порано, така што новиот Алфа Ромео заубер ќе го види светлото на денот во боксот во Барселона на 18 Фервруари.

Екипата од Хинвил е прва што најави дека болидот ќе го презентира во гаражата во Барселона, а се очекува и Хаас и Торо Росо да го направат истото. Но, швајцарците веќе најавија дека на 14 Февруари во Фиорано ќе искористат ден за снимање и ќе го пробаат својот болид за прв пат на патеката.

До сега, Рено, Рејсинг Поинт, Мекларен и Ферари потврдија промоција на своите болиди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг