Нишикори се предаде: Ѓоковиќ без многу борба се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен

Дерби

23/01/2019

14:52

1.156

Големина на фонт

а а а

Првиот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласираше во полуфиналето од Австралија Опен откако Јапонецот, Кеи Нишикори поради повреда го предаде мечот во вториот сет.

Дотогаш, Србинот беше брилијантен и првиот сет го доби со 6:1, додека во вториот имаше водство од 4:1 кога Нишикори се реши да се предаде поради болки во бутниот мускул.

Ѓоковиќ за пласман во финалето ќе се бори против францускиот тенисер, Лукас Пули кој утрово го направи својот најголем успех во кариерата совладувајќи го Милош Раониќ со 3:1 по сетови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг