Што всушност се случува помеѓу Шарлиз Терон и Бред Пит?

Точка

23/01/2019

14:51

3.755

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена се појавија гласини дека Шарлиз Терон и Бред Пит се новиот холивудски пар.

Сепак, извори блиски на актерот ги негирале овие гласини. Како што пренесува „People“, Шарлиз и Бред никогаш претходно не биле, ниту моментално се во врска, но вистина е дека повремено се посетуваат, бидејќи се многу добри пријатели.

Друг близок извор, за „Entertainment Tonight“ открил дека Шарлиз и Бред ги запознал актерот Шон Пен, кој инаку е поранешно момче на Шарлиз.


Да потсетиме, Анџелина Џоли и Бред Пит се разведоа во септември, 2016-та година. Бред недолго после разводот во интервју за „GQ Style“ изјавил дека сè додека не биде сигурен дека станува збор за сериозна врска, својот љубовен живот ќе го држи во тајност, дел поради себе, а дел поради своите деца, кои не сака дополнително да ги оптеретува со лажни гласини.


Било како, ниту Шарлиз ниту Бред јавно сè уште не ги искоментираа гласините за врската.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг