Го отстрануваат Колумбо од ѕидовите на американскиот универзитет: Познатите мурали лошо ги прикажуваат Индијанците, а во тоа време ги славеле домородците

Точка

23/01/2019

14:41

2.810

Големина на фонт

а а а

Универзитетот Нотр Дам во САД соопшти дека ќе ги прекрие муралите на зградата на овој католички универзитет, кои го прикажуваат пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка. Ваквиот потег следел по критиките дека тие ги прикажуваат американските Индијанци во стереотипни и покорни ставови пред европските истражувачи.

Дванаесетте мурали на Луис Грегори од 1880 година имале за цел да ги охрабрат имигрантите кои дошле во САД во периодот на антикатоличкото расположение во Европа, но тие ја прикриваат другата страна: експлоатацијата и репресијата над домородните Американци, смета свештеникот Џон Џенкинс, претседател на Нотр Дам.  

“Ова е мрачната страна на приказната која мора да се признае” – нагласил Џенкинс во писмената изјава.

Тој соопштил и дека муралите на главната зграда на овој католички универзитет во Индијана кои се насликани на ѕидовите ќе бидат покриени, но ќе можат повремено да се прикажуваат во посебни пригоди.

За постојано прикажување на фотографии од овие слики ќе биде обезбедено друго место со објаснување на нивната содржина, додал Џенкинс и нагласил:

“Сакаме да ги зачуваме уметничките дела кои првобитно имале за цел да ги слават католичките имигранти кои биле маргинализирани во тоа време во општеството, но на начин кој избегнува ненамерно маргинализирање на другите”. Во 2017 година, повеќе од 300 сегашни и поранешни студенти и вработени во Нотр Дам потпишаа писмо кое беше објавено и во универзитетскиот весник, во кое повикуваа на отстранување на муралите.

Универзитетот Нотр Дам е помеѓу врвните истражувачки институции во САД и е познат по својата златна купола на главната зграда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг