Линекер го нападна Роналдо поради една објава на социјалните мрежи: Сега не е момент за ова

Дерби

23/01/2019

13:59

1.633

Големина на фонт

а а а

Додека од сите страни на фудбалскиот свет стигнуваат пораки со поддршка за Емилијано Сала кој заедно со пилотот на мал авион исчезнаа во понеделникот и од тогаш им се губи секаква трага, Кристијано Роналдо со еден потег на социјалните мрежи предизвика бес кај љубителите на фудбалот.

Португалецот вчера се појави на судењето во Мадрид каде заработи казна поради прикривање на данок, а по враќањето во Торино со својот приватен авион објави фотографија на неговиот „Инстаграм“ профил баш во моментите кога целиот свет се обедини за поддршка на Сала.

Прво кој го „нападна“ Роналдо поради ваквиот потег беше поранешниот англиски репрезентативец и сегашен стручен аналитичар, Гери Линекер.

- Не е ден за ваква објава. Навистина не е - напиша Линекер на својот Твитер профил.

View this post on Instagram

???

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг