Нешто претчувствувал: Кога ќе ја прочитате последната порака која Сала ја пратил, ќе се наежите

Точка

23/01/2019

13:58

3.095

Големина на фонт

а а а

Од понеделникот кога во 20 часот од радарот исчезнал авионот во кој бил Емилијано Сала, трае потрагата по уругвајскиот фудбалер. Тој бил на пат кон Велс каде требало да им се приклучи на новите соиграчи во Кардиф, клуб со кој потпишал договор вреден 17 милиони евра.

Уште еден фудбалер од Уругвај, Диего Ролан, во меѓувреме открил дека Сала од авионот им пратил порака на своите пријатели, во која навел дека е исплашен. 

"Поздрав мали браќа, како сте? Луѓе, мртов изморен сум. Бев во Нант и само трчав, трчав, трчав...И никако да престане. Сега сум во авион кој изгледа како да ќе се распадне. Одам во Кардиф, лудо. Утре ме чека нов почеток, попладне имам прв тренинг со новата екипа, соиграчите...Ќе видиме што ќе се случи. Како сте вие браќа и сестри? Ако не слушнете од мене за час и половина, не знам дали ќе пратат некој да ме најде, бидејќи тешко дека ме најде. Луѓе, многу се плашам", напишал Сала.


Авионот исчезнал во моментот кога го прелетувал Ламанш додека летал на висина од 1.500 метри, а потрагата била сопрена вчера вечерта поради лошата видливост, а ќе продолжи денес.





Спонзорирани линкови

Маркетинг