Денес ќе бидат комплетирани три големи трансфери

Дерби

23/01/2019

13:57

1.986

Големина на фонт

а а а

Во текот на денешниот ден се очекува да бидат комплетирани неколкуте долго очекувани трансфери за оваа зима.

Откако „Скај Италија“ јави дека доцна синоќа паднал и конечен договор меѓу Милан и Џенова за трансферот на Кшиштов Пјатек, денес од „Скај Спортс“ пренесуваат дека Гонзало Игуаин до крајот на денот ќе пристигне во Лондон каде ќе ги помине медицинските прегледи.

Со тоа ќе се стави крај на неколкунеделната „сапуница“ околу трансферот на Аргентинскиот напаѓач во редовите на Челси.

„Скај Спортс“ исто така пренесува дека контроверзниот напаѓач на Ница, Марио Балотели во текот на денешниот ден ќе ги има неопходните медицински прегледи со тимот на Марсеј.

28 годишниот фудбалер ќе го промени клубот, но не и земјата па и во следниот период ќе остане да се натпреварува во Лига 1.

Се уште не се знае кога точно ќе биде потврден и преминот на Мората во Атлетико Мадрид, но и ваквиот трансфер е се поизвесен затоа што Шпанецот ќе биде прекуброен на „Стемфорд Бриџ“ со пристигнувањето на Гонзало Игуаин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг