Мадуро: Венецуела ќе ги преиспита односите со САД и ќе преземе политички мерки

Макфакс

23/01/2019

09:47

1.027

Големина на фонт

а а а

Каракас ќе ја преиспита својата врска со САД откако американскиот потпретседател Мајк Пенс изрази поддршка за идејата на опозицискиот водач на Венецуела, Хуан Гуаидо, да воспостави преодна влада во земјата, рече претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Пенс во видео-пораката во вторникот рече дека американската влада ја поддржува храбрата одлука на Гуаидо да ги потврди уставните овластувања на ова тело, да го прогласи Мадуро за узурпатор и да побара формирање преодна влада.

„Го задолжив венецуелното Министерство за надворешни работи да почне да ги ревидира односите со САД и да преземе политички мерки. Американскиот потпретседател ги прекрши правилата на играта”, изјави Мадуро за „Телесур“.

На 10 јануари, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, положи свечена заклетва за својот втор претседателски мандат, кој ќе трае до 2025 година. Организацијата на американски држави, членови на Групата Лима – освен Мексико – и САД одбија да го признаат новиот мандат на Мадуро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг