Дали е ова новиот "iPhone XI"?

Точка

23/01/2019

09:37

2.227

Големина на фонт

а а а

И покрај тоа што постои голема веројатност дека новиот модел на "iPhone" нема да се појави пред крајот на летото или почетокот на есента оваа година, гласините и претпоставките за тој уред веќе на големо почнале да кружат на интернет.

А една од најчестите гласини е таа за тројната камера на задниот дел на наредната генерација на "iPhone". 

Минатиот викенд на YouTube се појавило концепт видео кое го претставува можниот дизајн на идниот паметен телефон iPhone XI, и кое го нагласува токму обликот и дизајнот на тројната камера. Во изгледот на комплетниот уред се воведени елементи од дизајнот на iPad Pro таблетот.

Се забележува и "notch" уредот кој станал нешто потенок, додека USB-C портот го заменил "Lightning" приклучокот.

Дизајнерското решение на системот од три камери на задниот дел од уредот во главно не добило позитивни коментари, па многу љубители на уредот со логото со "јаболко" се надеваат дека вакво нешто нема да се најде на финалната верзија на производот.

Иако под екранот има Touch "ID", некои се прашуваат за што ќе служби покрај "Face ID" идентификацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг