Хаос на улиците на Венецуела! Војската удрила на демонстрантите: Има мртви! Барикади на секој чекор! Мадуро бара прекин на односите со САД

Точка

23/01/2019

08:50

2.896

Големина на фонт

а а а

Во Каракас започнале судири на војската и демонстрантите, пишува порталот "Nacional".

Во некои подрачја на градот се креваат барикади, се слушаат звуци на удирање на шерпи, кои во последно време во Венецуела симболизираат протест против претседателот Николас Мадуро. 

Демонстрантите од големото подрачје на Катиа со различни предмети го гаѓале возилото на националната гарда.

Специјалните сили се префрлени во подрачјето Гато Негро, каде исто така во тек се собири. Медиумите пишуваат дека бил применет солзавец.

Пратеникот од опозицијата, Хозе Оливарес, соопштил дека веќе паднала и првата жртва на протестите.

"Ни потврдија дека во болницата во Катиа бил донесен првиот загинат од огнено оружје", напишал тој на Twiitter.

Познатиот новинар Роман Камачо соопштил дека две лица загинале, а две биле повредени.

Во градот Сан Геликс, во државата Боливар, демонстрантите ја запалиле статуата на екс претседателот на Венецуела Уго Чавез.

Масовните протести почнале во понеделникот по неуспешната побуна на војската.

Луѓето излегле на улиците, поддржувајќи ја групата побунети војниците, протестирајќи против политиката на Мадуро.

Властите почнале да користат солзавец.

Денес се очекуваат најсериозни судири. Претседателот на парламентот Хуан Гуаидо го повикал народот да излезе на улиците во знак на протест против претседателот и неговите приврзаници. Приврзаниците на Мадуро, напротив, планираат да одржат марш против странските интервенции и за поддршка на шефот на државата.

Мадуро наредил ревизија на дипломатските односи со САД

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро, денес рекол наредил "ревизија" на дипломатските односи со САД, и дека новите мерки ќе ги објави во наредните часови.

Мадуро тоа го рекол одговорајќи на изјавата на американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој и дал поддршка на опозицијата во Венецуела, пренесува "Reuters".

Пенс го нарекол Мадуро диктатор кој нема легитимитет да биде на власт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг