Манекенката која тврди дека Крис Браун ја силувал: “Таму имаше уште 15 девојки...”

Точка

23/01/2019

22:02

9.376

Големина на фонт

а а а

Манекенката која го обвинила американскиот пејач Крис Браун за силување, проговорила и во јавноста ја изнела својата страна од приказната.

Познато е дека 29-годишниот Браун и уште двајца мажи биле уапсени по наводниот сексуален напад во парискиот хотел “Mandarin Oriental” во кој едно преноќување изнесува дури околу 24 илјади долари. 

Француските медиуми пишуваат дека станува збор за 24-годишна девојка која по сѐ што се случило останала “многу исплашена”. Таа за медиумите раскажала дека го запознала пејачот минатата недела во еден ноќен клуб на Шанзелизе, преку заеднички пријател.

“Пријателот ме праша што правам следниот ден и дали би сакала да се сретнам со Крис Браун”, изјавила девојката за парискиот магазин “Closer”.

“Се согласив и следниот ден имав договор да се сретнам со Браун во хотелот “Mandarin Orient”.

Таа раскажала дека отишле во ноќен клуб пред да се вратат во неговата хотелска соба. Додала и дека таму имало 15 девојки, владеел хаос и свирела гласна музика. Девојката тврди дека таа вечер била силувана и дека сега многу се плаши, а по наводниот напад се чувствувала “ужасно и изгубено”.

Силувањето го пријавила во париската полиција два дена откако се случил наводниот случај.

Тројца мажи, вклучувајќи го и Крис, биле уапсени во понеделникот и сега се соочуваат со обвинение кое вклучува силување, злоупотреба на дрога и користење на забранети супстанци. Иако во притвор можеле да бидат задржани 48 часа, пејачот вчера бил пуштен на слобода.

“Сакам јасно да дадам до знаење, ова е лага. К*чката лаже”, порачал Браун преку својот Инстаграм профил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг