Нови детали од убиството во Австрија: Ладнокрвниот радикален Албанец од Македонија со оваа изјава ги шокирал полицајците...

Точка

24/01/2019

20:58

21.108

Големина на фонт

а а а

Албанецот од Македонија, 36-годишниот Џемаил М. ја уби пред супермаркет својата сопруга, 32-годишната Земира К. во Тулн, Австрија.

Тој го признал злосторството, а како што пренесуваат австриските медиуми, при сослушувањето во полициската станица, Џемаил ладнокрвно и без каење им рекол на полицајците: „Да, ја убив, тоа и го сакав“.

Како што дознаваат тамошните медиуми, нивниот брак во кој добиле два сина од 6 и 10 години, долго време бил во криза. Земира наводно била малтретирана и злоставувана од љубоморниот Џемаил, по што таа го напуштила својот сопруг заедно со синовите.


Неодамна, австрискиот суд поради насилството во семејството, на Џемаил му забранил да им пријде на синовите.

Џемаил инаку работел како молер во компанија за фасади. Тој во понеделникот ја заклал својата сопруга на сред бел ден пред очите на шокираните купувачи во супермаркетот. Несреќната жена наводно била во супермаркетот да купи храна за децата, а потоа требала да ги земе од училиште. Сепак, пред супермаркетот ја начекал Џемаил кој што ја усмртил со два убоди со нож.

Неговиот брат во Македонија и целото семејство се очајни поради извршеното злосторство.


„Џемаил го уништи целото семејство. Не сакаме да го видиме. Беше зависен од коцкање, а имаше и лоши пријатели“, наводно изјавиле од неговото семејство.

Како што пренесуваат австриските медиуми, постоела можност Џемаил да бил радикализиран и близок до Исламската држава. На една од фотографиите кои што ги објавија тамошните медиуми, може да се види како Џемаил позира со кренат показалец нагоре (Таухид), поздрав кој во последно време го користат радикалните исламисти и припадниците на Исламската држава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг