Ако сакате да остарите со вашиот партнер - важни се само овие две работи!

Точка

22/01/2019

20:25

6.623

Големина на фонт

а а а

Кога ќе барате личност со која сакате да го поминете остатокот од животот, потребно е да обрнете внимание само на овие две работи!

Правило број 1.

Од самиот почеток мора сè да биде едноставно

Од моментот кога ќе се запознаете, мора сè да биде едноставно и лесно. Ако почувствувате дека на таа личност можете да ѝ кажете сè, ако почувствувате дека пред неа без срам можете да отидете и до тоалет, тогаш - тоа е тоа. Ако за најголем дел од работите се договарате со леснотија - не ја испуштајте таа личност!

Едноставно значи добро. Комплицирано значи лошо.


Голема грешка е ако покрај себе имате личност која од вас бара да се промените, да се прилагодите, да правите работи кои не ви одговараат. Порано или подоцна ќе ви здодее да се менувате или тој да ве менува. Тоа е заморно и не води кон ништо добро. Ако морате постојано одново да му се докажувате на вашиот партнер или партнерка, тогаш тој или таа не е за вас, односно продолжете со потрага.

Правило број 2.

Врската мора да донесе радост

Ако во врската не се чувствувате задоволно, среќно и исполнето - веднаш побегнете! Ако поради него страдате тогаш и тој не е човек за вас. Не размислувајте многу: тоа едноставно не е нормално. Тоа е патот до пеколот.

Ако само една личност во врската носи насмевка и разонода, тогаш и таа врска е бесмислена. Многу луѓе со години молчат и буквално трпат во врска која не ги исполнува. Чекаат нешто да се промени. Таа промена сама по себе нема никогаш да дојде.


Ако уште на почетокот нема разбирање и заедничка среќа - сè ви е залудно! Ако зборовите на партнерот ве растажуваат или нервираат, во истиот момент треба да си заминете.

Врската со партнерот мора биде нешто што ќе ве радува, нешто со кое ќе се „полните“ кога ќе ви биде тешко од работата или кога ќе имате некаков проблем. Вашата друга половина мора да биде некој кој ќе знае како да ве насмее и да ве слуша!



Спонзорирани линкови

Маркетинг