Парискиот хотел „Panache“, кој е дизајниран од Дороти Меилишон е необичен исто како и делот од градот во кој се наоѓа.
Париската дизајнерка, Дороти Меилишон, стои позади некои од најпопуларните места во Париз, вклучувајќи ги „Beef Club“ и „Mojo“. Таа исто така е креативниот ум кој стој позади дизајнот на бутикот „Hotel Panache“, кој е сместен покрај булеварот Грандс.
Превземајќи две градби од 20-от век, во самото срце на деветтиот париски андорсиман, овој ретро инспириран хотел е идеално место за необичен одмор во оваа метропола.
Во градбата од 20-ти век, која се наоѓа на самиот агол на Faubourg Montmartre, Panache е всушност четврти имот во групата на „Panache“ на француската престолнина. Мермерот, огледалата и другите разиграни елементи за дизајн, не се користени само како луксузни детали, туку и како есенцијални париски акценти. Дизајнерката на хотелот, Дороти и сопственикот Адријен Глоаген прифатиле необично обликувани соби, искористувајќи ја максимално триаголната градба, поигрувајќи си со нејзината неправилна геометрија, со помош на геометриски дизајни на подот.
Храбрата употреба на дизајните и текстурите, на овој бутик-хотел му овозможува да ни понуди величенствено визуелно искуство во градот кој сам по себе е богат со култура и уметност. Сите 14 соби, колку што всушност се на број се различни, додека ходниците се декорирани со каучи, аголни огледала и триаголни столици, кои максимално го искористуваат необичниот распоред на просторот. Собата 203 има прозори од подот до таванот и балконот, додека собата 701 има неверојатен поглед кон градот. Декориран е со винтаж телефони, Bauhaus прекинувачи за светло и Art Nouveau парчиња мебел, па затоа овој хотел никако не може да се нарече обичен.
На мала оддалеченост од хотелот ќе наидете на сликовити париски улици, пекари, забави и сè останато што ви е потребно, додека и туристичките атракции по кои е познат овој град, не се многу оддалечени.