Хрватска ја тресе секс-афера: Медиумите објавиле шок фотографии: Вмешан потпретседателот на владата, проститутка, кокаин...

Точка

22/01/2019

21:23

23.931

Големина на фонт

а а а

Хрватските медиуми се занимаваат со скандал во чиј центар се нашол потпретседателот на тамошната влада, Томислав Толушиќ, кој наводно во друштво на проститутка, консумира кокаин.

Фотографиите ги објавил хрватски "Nacional", од, како што навеле, анонимен извор. На фотографиите наводно се гледа Толушиќ кој седи на фотелја. На него седи црнокоса жена со голи нозе. Лицето не и се гледа. Таа, како што се чини, во раката држи мобилен телефон, а наводно Толушиќ се подготвува да консумира кокаин, пренесува "Index.hr". 

Како што наведува порталот понатаму, во позадина се гледа големо огледало, а на другата фотографија хидромасажна када. Се истакнува дека фотографиите се "прилично чисти и направени од близина од повеќе агли", па со право се поставува прашањето кое е третото лице кое сликало.

Меѓутоа, "Nacional" пишува дека станува збор за врвна фотомонтажа, откриена во ситни детали, а ја разоткрила хрватската служба SOA.

Имено, агенти на хрватската разузнавачка агенција со анализа на фотографиите откриле дека објектот на фотографијата е апартман во Србија. Фотографиите од апартманот се достапни и на еден сајт за букирање.

Дека станува збор за монтажа, пишува "Nacional", било откриено со помош на детали. На пример, спореден е изгледот на раката на Толушиќ. Мажот кој би требало да биде Толушиќ на раката носи часовник за кој министерот за земјоделие тврди дека го нема. Понатаму, агентите забележале дека лицето на фотографијата носи заоблени чевли, додека Толушиќ секогаш носи шпицести.

Толушиќ рекол дека е подготвен и да се тестира за дрога.

"Станува збор за неверојатно злобен обид за компромитација кој надминува се што досега сум сретнал", вели Толушиќ за "Nacional".

Уште се истражува позадината на овој случај, бидејќи не е јасно кој стои зад оваа фотомонтажа.

"Прилично сум сигурен кој би можел да стои зад ова. Последните две години влеговме во низа осила во секторот за земјоделие и шумарство и спречивме кражба на повеќе стотици милиони куни", рекол Толушиќ за "Национал".




Спонзорирани линкови

Маркетинг