Среќна сум што сум жива, принцот Филип не ми се извини по несреќата: Жената која била повредена во судир го нападнала кралското семејство

Точка

22/01/2019

16:31

3.929

Големина на фонт

а а а

Мајката на две деца, која била повредена во сообраќајна несреќа во која учествувал и британскиот принц Филип, сопруг на кралицата Елизабета Втора, за медиумите изјавила дека војводата од Единбург уште не и се извинил за судирот, пренесува "Daily Mail".

Тоа што посебно им пречело на граѓаните е фактот дека принцот Филип повторно бил снимен како вози автомобил и тоа само два дена по судирот. Повеќето сметаат дека човек во негови години, кој за шест месеци ќе наполни 98 години, не би смеел да вози.

46-годишната Ема Феирведер била во автомобил марка "KIA", кој се судрил со возилото управувано од сопругот на кралицата.

Таа раскажала дека не можела да престане да вриска по несреќата која се случила во близина на имотот Сандрингам во Норфолк.

На неа по судирот и било кажано дека ќе ја контактира некој од палатата, но и стигнала само бесмислена порака од полицијата: "Кралицата и војводата од Едибург ви ги праќаат своите поздрави".

Автомобилот од марка "KIA" го возела нејзината 28-годишна пријателка, чие 9-месечно бебе исто така било во возилото. Во моментот на судирот, таа единствено имала на ум да повика некој да го извлече детето од автомобилот.

Ема за "Sunday Mirror" изјавила: "Можевме да видиме Ленд Ровер на раскрсницата, а потоа почна да се движи. Мислев дека вториот автомобил ќе застане, но не го направи тоа. Се беше како на забавена снимка додека гледавме како автомобилот ни се приближува".

"Кога ни се доближи видов дека станува збор за постар возач. Иако траеше неколку секунди, изгледаше дека ми мина половина живот. Во тој момент не знаев дека станува збор за принц Филип. Единствено мислев на бебето. Тогаш не сфатив дека друго возило удрило во мојата страна на автомобилот", рекла таа.

Принцот Филип по судирот наводно изјавил: "Каква будала сум јас". Тоа што за многумина било неверојатно е дека бил виден зад воланот само 48 часа по судирот.

Полицијата му издала официјално предупредување кога фотографиите повторно се појавиле.

Ема вели дека е среќна што е жива, а во несреќата го скршила зглобот на раката. Таа раскажала дека на принцот му било посветено најголемо внимание на местото на несреќата, додека неа од автомобилот ја извлекла случајната минувачка Викторија Ворн (71).

Сведоците раскажале дека принцот Филип бил одведен од местото на несреќата по само десетина минути.

Платата објавила дека патниците од другото возило ги контактирала приватно и дека им пратиле желби за брзо заздравување. Меѓутоа, Ема вели дека тоа не е вистина и дека не ја контактирале ни кралицата ни нејзиниот сопруг.

"Знам дека кралицата е многу зафатена жена, но бев многу возбудена од идејата дека може да ми се јави. Наместо тоа ми се јави полицаец кој е поврзан со кралското семејство. Пораката која ми ја пренесе немаше смисла.

Го сакам кралското семејство но се чувствувам игнорирано и отфрлено, а тоа многу боли. Многу би ми значело ако принцот Филип каже дека му е жал, но не знам ни дали после се воопшто му е жал.

Дали на него и на кралицата толку им е тешко да пратат цвеќе со порака", вели таа.

Медиумите објавиле дека војводата од Единбург бил заслепен од сонцето, и дека тоа ја предизвикало несреќата, но Ема вели дека тој ден било облачно и сиво, а дека таа со пријателката се враќала од плажата.

Таа истакнува дека биле советувани од полицијата да не зборуваат за судирот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг