На Хрватска и се закануваат нови обилни снежни врнежи, издадено предупредување

Макфакс

22/01/2019

11:36

977

Големина на фонт

а а а

Неделава во Хрватска се очекува претежно облачно и студено време кое ќе биде пропратено со обилни врнежи од снег, а на одредени места ќе има и врнежи од дожд, пишуваат хрватските медиуми.

Денеска на планините и повисоките места ширум земјата има повеќе од 30 сантиметри снег, а оваа снежна покривка се очекува до крајот на неделата да биде уште поголема.

Медиумите пишуваат дека сигурно во земјата ќе се создадат нови проблеми по снежните врнежи, и додаваат дека можно е да има и ограничувањава во сообраќајот особено на Јадранот каде честа е појавата на силни бури. Според информации на ХРТ на одредени места во земајта ќе има и врнежи од дожд и можна е појава на грмотевици.

Дел од медимуите пренесуваат дека веќе е издадено и предупредувањето во одредени области.

Сервисот за временска прогноза „Severe Weather Europe“ исто така најави обилни снежни врнежи во следните неколку дена на Балканот.

Се очекува на одредени места снежната покривка да достигне и до 50 сантиметри снег, особено во планинските региони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг