Уживал на каучот додека тракторот го влечел по замрзнатото езеро

Точка

21/01/2019

17:46

2.712

Големина на фонт

а а а

Што се случува кога имате трактор, кауч и замрзнато езеро? Пријатели кои уживале во зимскиот ден во Минесота, одлучиле да стават кауч на заледеното езеро Минетонка.

Некаде помеѓу Екселсиор Беј и Вејзет Беј наишле на човек со трактор кој исто така се забавувал на мразот.

Тие одлучиле да ги здружат силите и настанала оваа снимка. „Без двоумење, еден од моите пријатели Џон, го праша човекот што го возеше тракторот дали може да нè повози со него на мазниот мраз. Рече дека останатото е историја“, рекол авторот на снимката, која може подолу да ја видите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг