Поранешната не ја поднесува: Новиот најубав холивудски пар има една голема препрека во љубовта

Точка

21/01/2019

17:36

7.957

Големина на фонт

а а а

Странските медиуми вчера ја пренеле веста која, ако е вистинита, би можела да биде вистински бум во Холивуд.

Познатиот актер Бред Пит наводно веќе еден месец е во врска со оскаровката Шарлиз Терон. 

Парот се запознал преку колегата Шон Пен, кој некое време бил во врска со убавата актерка.

Иако Шарлиз и Бред делуваат како совршен пар, британски "Daily Mail" пишува дека нивната врска би можела да биде проблематична поради Анџелина Џоли, поранешната сопруга на Бред.

Како што во 2017-та година пренел порталот "Radar OnLine", Анџелина веќе со години не е во добри односи со Шарлиз. Двете актерки, наводно не можат да се поднесат.

Сајтот наведува дека двете актерки "војуваат" веќе со години.

Еден од судирите бил кога Шарлиз Терон била избрана за улогата во филмот "Murder On The Oriental Express", која Анџелина тогаш ја одбила, па повторно ја посакала.

На крајот ниедна од актерките на ја прифатила улогата во овој филм.

"Нетрпеливоста почнала одамна и едноставно никогаш нема да престане", рекол изворот тогаш, а работите може да станат многу поостри меѓу актерките бидејќи сега убавата блондинка е во врска со Бред.




Спонзорирани линкови

Маркетинг