66-годишниот Британец Роберт Боб Хатавеј умрел под таинствени околности во куќата која ја делел со две девојки, бидејќи живеел одвоено од својата сопруга, која чекала бебе со друг човек.
Хатавеј живеел егзотичен живот и бил познат во едриличарската заедница и меѓу хотелиерите, а неговото безживотно тело било пронајдено на 13-ти јануари на крвавите чаршафи во неговиот дом на Света Луција, остров во Карипското море, пренесува "The Sun".
Хатавеј на лицето имал перница.
Локалната полиција, која отворила истрага по повод таинствената смрт, наведува дека уште нема осомничени со реални мотиви за злосторството, но една од трагите би можела да биде врската на Хатавеј со сопругата.
Saint Lucia police want to speak to “bisexual roommates” of murdered Robert ‘Bob’ Hathawayhttps://t.co/4tSjaLlT6o
— St. Lucia News Online (@slunewsonline) January 19, 2019
"Жените отсекогаш биле негова слабост", рекла 23-годишната Марквен Џејмс, неговата сопруга со која се разделил. Џејмс дознала дека Хатавеј умрел кога анонимна личност со пристап до полициските досиеја и ги покажала фотографиите од местото на злосторството.
Џејмс имала само 17 години кога се запознала со постариот Хатавеј, но се разделиле кога останала бремена од друг човек. Останале во добри односи бидејќи нивниот брак бил "отворен", а Хатавеј знаел дека таа сака деца "кои тој не можел да и ги даде".
"Боб беше полуден по млади девојки, ги обожуваше. Во нив наоѓаше задоволство и утеха. Само тоа го интересираше", изјавил неименуван полицаец кој тврди дека е близок семеен пријател. Хатавеј ја делел куќата со уште две девојки за кои не се знае колку се возрасни, а во локалната заедница ги нарекуваат Ким и Лиз. Хатавеј се допишувал со нив на Фејсбук и им се обраќал како "бисексуален пар девојки". Од преписките се гледа зошто ги нарекувал така.
"Ако само една девојка живее со мене ќе ми биде здодевно, во најмала рака, така што овој договор изгледа логично и веќе два месеци функционира", напишал Хатавеј и додал: "Помага и тоа што тие не сакаат да носат облека".
"Times" наведува дека Хатавеј речиси две децении живеел на островот, ја водел марината "Марго Беј" и се занимавал со туризам. Бил вмешан и во локалната политика, а посебно се борел против одобрувањето на визи на богати странци, истакнувајќи дека тоа отвора врата за криминално перење на пари.
За денот на погребот не се знае ништо, а се очекува да биде одржана приватна церемонија.