“10YearChallenge”: Сите објавуваат фотографии од пред 10 години, но овие фотографии ќе ве натераат да се замислите

Точка

21/01/2019

14:49

4.909

Големина на фонт

а а а

Корисниците на социјалните мрежи покренаа т.н. десетгодишен предизвик (#10YearChallenge) преку кој објавуваат свои фотографии од пред десет години за да покажат колку се промениле во текот на тој период.

Меѓутоа, активистите се досетиле да го искористат овој предизвик и да привлечат внимание кон нешто многу позначајно. 

Имено, активистите на социјалните мрежи објавуваат фотографии за да покажат колку е променета нашата планета од 2009 до 2019 година, под дејство на штетните климатски промени.

Минатата година беше година во која океаните беа најтопли – откриено е дека тие се загреваат 40 пати побрзо отколку што се мислеше, како и дека ледот на Антарктикот се топи речиси шест пати побрзо отколку претходно.

Со ова, активистите сакаат да го свртат вниманието на јавноста дека промената е итно потребна.

Поголемиот дел од фотографиите кои се споделени го прикажуваат топењето на ледот и загревањето на Земјините полови. Експертите тврдат дека прегревањето на Антарктикот би можело да доведе до пукање на ледот и глечерите, што би резултирало со негово паѓање во морето, што би го зголемило нивото на океаните и морињата во целиот свет.

Бројните политичари и познати личности го поддржаа ова движење, па така и фудбалерот Месут Езил поставил фотографија на својот Твитер профил.

##https://twitter.com/Shubham_singh96/status/1085951149461532672##



Спонзорирани линкови

Маркетинг