„Езерџиите“ никако да кренат глава од повреди: Лејкерс минимум еден месец без стартниот плејмејкер

Макфакс

21/01/2019

12:52

749

Големина на фонт

а а а

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс влезе со далеку повисоки амбиции во оваа сезона, но славниот состав од Калифорнија никако не може да влезе во посакуваниот ритам, а една од главните причини за тоа се повредите на клучнте играчи.

Веќе 13 средби во низа тренерот Лук Волтон не може да смета на првата ѕвезда Леброн Џејмс како и на Ражон Рондо кој е еден од најквалитетните плејмејкери во НБА лигата, играч кој знае како е да се биде дел од голема екипа и се освојува шампионски прстен.

Овие двајца се на добар пат да се вратат на теренот, но Лејкерси пак нема да бидат комплетни затоа што сега подолга пауза го очекува стартниот организатор на играта Лонзо Бол. Тој го повреди левиот зглоб во второто полувреме на дуелот против Хјустон Рокетс и според информациите ќе паузира во следните 4 до 6 недели.

Лонзо во актуелнава кампања има просек од 9,9 поени, 5,3 скокови и 5,4 асистенции по натпревар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг