Ник Најдев (27) од Вашингтон сакал барем 5 минути да биде славен, па мислел дека е паметно да скокне од 11-ти спрат на крузер за време на крстарењето на Бахамите.
Иако сведоците рекле дека после излегувањето од вода едвај одел, тој сепак не се здобил со потешки повреди, што е навистина среќа. Најдев скокнал од висина поголема од 30 метри.
Снимката од неговиот скок иако со брзина на светлината се проширила на интернет, сепак Најдев бил исфрлен од крузерот после овој непромислен потег и морал да купи авионска карта за да се врати назад во САД.
Мал чамец го собрал од водата, а потоа крузерите му рекле да си ги собере своите работи и да си замине.
„Мислам дека сè уште бев пијан од претходниот ден. Кога се разбудив решив да скокнам. После тоа не можев да одам три дена, ме болеше сè. Се надевам дека ова нема да инспирира други да направат нешто слично, ова е многу опасно“, рекол Ник.
Компанијата која била задолжена за крстарењето, во чија сопственост е и крузерот од кој скокнал Најдев, доживотно му забранила на него и на неговите пријатели да патуваат со нив.