Искрениот Столе: Одигравме далеку од тоа што го знаеме

Дерби

19/01/2019

17:01

1.852

Големина на фонт

а а а

Македонија загуби од Русија 30-28 и утре ќе игра за 15. место на 26. Светско ракометен шампионат. Нашите ракометари спортски го признаа поразот и им ја честитаа победата на Русите.

-Честитики до Русија за денешната победа. Цел шампионат имавме добри голмани и игравме одлично во одбраната, но не и денеска. Пак промашивме многу зицери. Тоа причината за поразот, како и за тоа што не се пласиравме во следната фаза. Одигравме под нашите можности, далеку од тоа што знаеме, -истакна големиот борец Стојанче Стоилов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг