Биолошкото оружје кое го развива Северна Кореја е многу поопасно од нуклеарното, оценува британскиот весник "Daily Telegraph" и додава дека американскиот притисок на Пјонгјанг по прашањето за развој на вооружувањето на ниеден начин не врши влијание во тој домен.
Весникот тврди дека севернокорејските научници подготвуваат опрема за да произведуваат биолошко оружје кое би се користело за потребите за сопирање на севернокорејските непријатели, иако лесно би можело да се искористи и за агресивни цели.
Еден од најсмртоносните агенси, додава "National Interest", претставува вирусот "вариола вера" познат и како големи сипаници, кој би можел да усмрти дури една третиран од населението на една земја.
Нешто претходно слични обвиненија дошле и од Јужна Кореја, а Сеул тврдел дека Пјонгјанг подготвува оружје со антракс.
За загриженоста на јавноста во Јужна Кореја придонела и веста дека уште пред две години кај еден севернокорејски војник, кој побегнал на југот, биле пронајдени антитела на антракс, што сугерира дека тој или е вакциниран, или бил изложен на антракс.