Османи: Планот за имплементација на Законот за јазиците на следната владина седница

Макфакс

19/01/2019

14:05

1.196

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес свика координативен состанок со претставници од повеќе ресори и институции, со цел координација, следење и известување за текот на имплементацијата на Законот за употреба на јазиците.

Планот за имплементација на Законот за употребата на јазици се очекува да биде разгледан на првата следна владина седница, а Османи веќе најави и меѓународна донаторска конференција за размена на мислење, искуство и координација на поддршката за имплементација на законот.

„Имплементацијата на Законот за јазици претставува комплексна и обемна операција, за чија успешност потребано е формирање на работна група – координативно тело, чија задача ќе биде координирање, мониторирање и известување за текот на имплементација на законот“ изјави Османи на средбата, посочувајќи на законските рокови за усогласување со одредбите од Законот, во кои бројни институции кои во соодветен временски рок треба истите да ги имплементираат, и да овозможат соодветна употреба на албанскиот јазик.

На координацијата беше заклучено да се изготви конкретен и прецизен план на активности, со соодветни рокови и критериуми за реализација, со што ќе се овозможи полесна и попрецизна контрола врз имплементацијата на Законот.

Покрај Османи, на координацијата присуствуваа и министерот за образование, Арбер Адеми, пратеникот, Артан Груби, поранешниот министер за правда, Билен Салији, како и останати претставници на институциите и експерти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг