Дизајнерката и модна икона, Викторија Бекам, изгледа одлучила да направи сè за да го запре стареењето на својата кожа, па за крема од сопствената крв издвојува повеќе од 1000 евра.
Но, таа не е единствената која оди кај славниот дерматолог – на третмани ја води и својата 7-годишна ќерка.
Славната дизајнерка Викторија Бекам (44) не сокрива дека за нега на лицето троши вртоглава сума на пари, а сега на своите следбеници на Инстаграм им го открила омилениот бјути производ против стареење.
Имено, станува збор за крема која во себе покрај останаите состојки содржи и крвна плазма на Викторија, а нејзината цена е 1200 фунти, односно околу 1300 евра. Кремата наводно ефикасно ја спречува појавата на брчки и го стимулира колагенот, а производот е на д-р Барбара Стурм, кој го обожуваат бројни славни дами, меѓу кои е и Ким Кардашијан.
Третманот наречен МС1, се прави за клиентите откако за време на консултацијата им се зема малку крв. Д-р Стурм примерокот го зема во својата лабораторија и го користи при изработка на хидратантна крема од 50мл, а остатокот го замрзнува за идни цели.
Овој нов козметички хит во светот се нанесува секојдневно, а помага при задржување на еластичноста на кожата и младолик изглед на лицето. Д-р Барбара Стурм меѓу првите почнала да прави и PRP, однсоно стругање на кожата на лицето и инјектирање на сопствената плазма во неа, што во Америка се нарекува и „vampire’s facial“.
Но, Викторија не е единствена членка на семејството Бекам која ја посетува д-р Стурм. Имено, пред неколку дена, 44-годишната дизајнерка и својата 7-годишна ќерка Харпер ја однела во клиниката на докторката, каде ѝ бил направен третман на лицето. Дали можеби е малку прерано за неа?