Која е мистериозната Русинка? Го следи Путин на сите патувања, а јавноста не знае ништо...

Точка

19/01/2019

12:25

7.611

Големина на фонт

а а а

Можеби малкумина обрнуваат внимание на тоа, но веќе со години една русокоса жена патува со рускиот претседател Владимир Путин.

Иако, според официјалните податоци, во претседателскиот авион на Русија работат петмина стјуарди и уште пет стјуардеси, името на, очигледно омилената стјуардеса на Владимир Путин и натаму никој не го знае.

За разлика од Путин, со поранешниот руски претседател Борис Јелцин исто така секогаш патувала една стјуардеса, но нејзиното име било познато на јавноста.

Таа била позната како Галина и за руските медиуми објаснила како екипажот на авионот се однесува за време на патувањето на рускиот претседател Владимир Путин.


„Доколку станува збор за кратка посета, екипажот секогаш останува во авионот, а во спротивно, сите се сместуваат во хотел. Во моментите на одмор, не можеме да си дозволиме да се опуштиме и да испиеме по некој пијалок, затоа што секогаш мора да бидеме подготвени како во секој момент да треба да полетаме“.

Името на русокосата стјуардеса која што секогаш патува со Путин и натаму е непознато, а руските медиуми тврдат дека таа била член на екипажот на секое патување на Владимир Путин уште од 2000-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг