Манекенката без срам го покажала лицето со акни: “Плачев секој ден, постојано зјапаа во мене”

Точка

18/01/2019

19:53

5.721

Големина на фонт

а а а

Бројни јавни личности го прифатија предизвикот наречен “10 Year Challenge” кој веќе со денови ги окупира сите социјални мрежи, па така и младата манекенка Кендал Џенер, која без срам ја потсетила јавноста за нејзината борба со акните и проблематичната кожа.

Убавицата во една прилика ја ставиле и на “ѕидот на срамот” бидејќи се појавила на црвениот тепих недоволно нашминкана, но таа добро го поднела тоа, имајќи предвид дека можело да биде и полошо. 


Имено, на свои 13 години Џенер честопати плачела бидејќи луѓето околу неа постојано го гледале нејзиното лице прекриено со акни.

“Имав 13 години и трчав расплакана низ домот бидејќи луѓето ме гледаа само во кожата на лицето”, напишала таа под фотографијата на Инстаграм.


Таа и претходно открила дека долгогодишната борба со проблематичната кожа ѝ оставила последици на нејзината самодоверба.

“Постојат поголеми проблеми на светот, но акните се мојата слабост. Тие се нешто со кое се борам уште од раните тинејџерски денови и ме правеа да се чувствувам тешко, беспомошно и несигурно”, напишала таа и додала дека верува дека луѓето не ги откриваат своите несигурности бидејќи живееме во време кога мора да се биде совршен.

“Водиме онлајн живот и ги бираме убавите моменти за објавување. Би сакала да им покажам на младите генерации дека не е сѐ совршено. Несигурноста поради акните ми создаде “дебела кожа”, но не сакам никој да се чувствува така”, додала Џенер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг