Налетале на морски џин од 2,5 тони: Ова е најголемата бела ајкула на светот, а еве како тие ја преживеале средбата

Точка

18/01/2019

18:44

3.532

Големина на фонт

а а а

Тим нуркачи имал блиска средба со една од најголемите бели ајкули на светот, но за среќа тие преживеале.

Некои од нуркачите дошле толку блиску до женката ајкула во водите на Хаваи, што можеле да ја допрат. Ајкулата која е долга околу шест метри и тешка околу 2,5 тони, истражувачите ја следат околу 20 години и ја нарекуваат “Deep Blue”. 

Таа била привлечена од мирисот на мртов кит во областа на јужниот брег Оаху.

Еден од нуркачите, Ошен Рамзи, изјавила дека тие снимиле тигрести ајкули кои се хранеле со мртов кит, кога пристигнала – најголемата помеѓу својот вид.

“Забележавме неколку тигрести ајкули, а потоа дојде таа и сите останати се разидоа. Таа почна да се “чеша” од нашиот чамец”, изјавила Рамзи.

“Таа е само еден преголем џин. Ја забележавме по изгрејсонцето, остана со нас во текот на целиот ден”.

Рамзи изјавила и дека ајкулата е “шокантно широка” и дека постои можност да е бремена. Се верува дека е стара околу 50 години, а веќе има и свој Твитер профил. Големите бели ајкули ретко се видени на Хаваите бидејќи повеќе ги сакаат студените мориња.

Ошен вели дека постарите, трудни бели ајкули не се опасни, но сепак ги предупредила пливачите да не пливаат во водите во кои се хранат ајкулите.

“Ајкулите напаѓаат луѓе само ако се љубопитни или ги заменат со вообичаен плен”, заклучила Рамзи за “Honolulu Star Advertiser”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг