Вратете се во форма по празниците: 5 чекори до подобра форма и здравје на вашето тело

Точка

19/01/2019

10:00

5.498

Големина на фонт

а а а

Прославите и сето она што доаѓа со новогодишните и божиќните празници се зад нас. Изобилството на храна и пијалоци кои ги конусмираме во тој период, ни помагаат да накачиме по некој килограм повеќе, а потоа доаѓа периодот на размислување како да се ослободиме од истите и да се вратиме во форма.

Низ овие неколку чекори, на едноставен начин ќе успеете да го вратите своето тело во старата форма, ако не и подобра.

1. Поставете си јасна и реална цел која сакате да ја постигнете

Напишете си ја целта која сакате да ја постигнете и секојдневно читајте го она што сте го напишале. Таквиот потсетник ќе ви помогне да не се тргате од патот по кој сте почнале да чекорите. Напишете колку килограми сакате да намалите и за колкав временски период би сакале да го постигнете тоа.

Редовно мерете се и така ќе имате поголема контрола врз процесот. Сепак, доколку на вагата или со метрото не го забалежувате она што сте го очекувале, не се обесхрабрувајте, брзината на намалувањето на килограмите кај секого е индивидуална.

2. Со пријател или партнер е полесно

Доколку се договорите на ваков чекор со некој од вашите пријатели или партнерот, ќе ви биде многу полесно и веројатно многу поретко ќе наидувате на искушенија, а воедно и взаемно ќе се охрабрувате да не се откажете од вашиот план.  

3. Направете јасен план како да дојдете до целта

Патот до остварување на целта е всушност многу поважен од самата цел. За да постигнете успех, потребно е да го обмислите целиот процес кој ве очекува. 

Еве неколку предлози како да го направите тоа: 

- Почнете да јадете здрава храна. 
- Јадете шест помали, но хранливи оброци во текот на денот. 
- Пијте најмалку 1,5 литри вода дневно. 
- Намалете со кафето. Доколку сте пиеле три кафиња дневно, сега пијте две. Не го засладувајте кафето со шеќер, туку со стевија.
- Дневно изедете барем една чинија богата со зеленчук. 
- Јадете повеќе нискокалорична, а високопротеинска храна
- Одвојте еден час во денот за некоја физичка активност. 

4. Исчистете го фрижидерот

Дел од севкупниот процес на темелни промени во животот е подготовката на околината за вашата трансформација. Оттаму, многу е важно да го исчистите вашиот фрижидер од целата храна која не одговара со вашиот план и секако да ја отстраните целата храна од вашата кујна која не се вклопува со начинот на исхрана по кој треба да се водите, за да ја постигнете својата цел. 

5. Променете ги навиките при купување на храната и читајте ги декларациите 

Ова можеби е и најважниот чекор до остварување на вашата цел. Потребно е да започнете со стекнување на нови навики кога станува збор за купување на храната и исто така да го читате нејзиниот состав. Имено, кога започнувате со ваква планска исхрана или некоја програма, најважен е балансот на хранливи вредности кои ги внесувате преку оброците.  

Кога се решавате за планска исхрана, неретко е потребно да јадете храна која бара готвење, бидејќи најчесто сето она што го купуваме како готов производ не ни ги дава потребните хранливи материи и нема балансиран сооднос на истите.  

Сепак, времето кое ќе го потрошите за да си ги зготвите оброците, не е залудно потрошено и тој факт не треба да ве демотивира или трга од патот по кој сте тргнале. За сите оние кои се решиле да направат трансформација и да се доведат себе во одлична форма, а особено оние кои немаат време или желба постојано да готват, тука е нутриционистичката програма NuMe.

Повеќето од вас се веќе запознаени со NuMe и продобивките од оваа храна, но за оние кои не се, повторно ќе нагласиме дека преку оваа храна можеби и најдобро можеме да ги внесеме хранливите вредности кои ни се потребни и дека балансот на нејзиниот состав е она по кое таа најмногу се разликува од преостанатата храна. 


Оброците на NuMe се базираат на поголемо количество протеин - Колаген, малку јаглехидрати, многу витамини и минерали кои тешко се наоѓаат во таков состав и во само еден оброк и секако не содржат глутен и ГМО.

Нивната едноставна и брза подготовка, ја прави NuMe одличен избор за секој кој сака да направи трансформација и да се стекне со нови, поздрави навики во исхраната на долгорочен план.



Спонзорирани линкови

Маркетинг