Славната Британка Наоми Кембел, по мислењето на многумина е една од најзгодните манекенки на светот.
Наоми веќе ѝ е добро позната на јавноста по своето проблематично однесување, но и по провокативните фотографии кои таа ги објавува на социјалните мрежи и на кои често позира во долна облека.
Овој пат таа ги изненадила бројните обожаватели откако објавила фотографија на која е “закопчана до грло”, а сите се сложиле дека супермоделот и во вакво издание зрачи со сексапил. Ваквата комбинација за помалку од 12 часа собрала повеќе од 150 илјади лајкови.
“Старее ли воопшто оваа жена?”, Изгледаш боженствено и моќно”, “Ти едноставно немаш конкуренција, колку си постара, толку си и подобра”, се само дел од коментарите под фотографијата.
Имено, Кембел била гостинка на ревијата на новата колекција со потпис на познатиот моден бренд “Louis Vuitton”, а во текот на вечерта позирала и со модниот дизајнер Вирџил Аблох.
Пред пет месеци, манекенката уживала со друштво на Јадранот. “Црниот пантер” била во друштво на француската актерка Фарида Келфа и нејзиното семејство, како и парискиот декоратер Винсент Даре.